Бугарија не губи време: По отворање на здруженија, ќе плаќа по 30 евра месечно за учење бугарски јазик
Додека владата на Ковачевски прави сѐ да и удоволи на Бугарија за да добие датум за преговори, источниот сосед и нивните испостави во Македонија не губат време.Откако се отворија две здруженија кои го носат името на фашистички соработници, а трето е во најава, сега преминаа на следна фаза, а тоа е изучување на, како што го нарекуваат книжевен бугарски јазик.
Бугарската фондација „Македонија“ на својот Фејсбук профил се пофали дека секое дете кое ќе учи бугарски јазик ќе добива стипенија од 30 евра месечно. И уште најавуваат дека ќе се отвораат бугарски неделни училишта.Покрај Македонија, ваква иницијатива се најавува и во Србија.
Ова е само најава што би се случувало доколку власта успее во намерата да ги внесе Бугарите во македонскиот Устав.Тогаш 3500 Бугари од пописот според механизмот „Балансер“ ќе имаат право на вреботување и учење на бугарски јазик и на отворање училишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…