Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари
Бугарското здружение „Просперитет“ од Голо Брдо, Албанија кое го предводи извесен Хаџи Пируши, побарало итна средба со претседателот Румен Радев затоа што бугарското малцинство имало проблеми да го докажува своето бугарско потекло.
Токму докажувањето на бугарското потекло преку документ кој незаконски го издавале општините во источна Албанија каде што живее македонско малцинство, било основа за сите проблеми и засилената пропаганда за асимилација на Македонците во Бугари во пресрет на октомврискиот Попис на населението во соседна Албанија.
Ова за „А1он“, го тврди единствениот македонски пратеник во Албанија, Васил Стејровски.
– Она што се случуваше во Македонија, сега се случува и во Албанија, но со посовремени методи. Софија регистрираше здруженија кои на сиромашното македонско и албанско население му нудат економска карта за Европа преку вадење на бугарски пасош. Овој бизнис со бугарски пасоши е попрофитабилен и од бизнисот со марихуана. А, Хаџи Пируши од „Просперитет“ заработи илјадници евра од овој бизнис. За Македонците бугарскиот пасош чини од 2.000 до 3.000 евра, а Албанците за него плаќаат и по 15.000 евра. Но, откако на пробниот попис на државниот завод за статистика пред три години од 400 попишани лица во Пустец, само едно се декларирало како Бугарин, Софија ги забави процедурите и ги уцени Македонците дека ќе ги добијат пасошите откако ќе се декларираат за Бугари на Пописот во октомври – објасни Стерјовски.
Извор: А1 ОН
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ќе објави снимки од…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска…
Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството…
Владата веќе работи на подобрување на постојните…
По секоја пријава за семејно насилство, МВР…
Побрза реакција на институциите, навремена заштита на…
Арсовска се пожали дека Ганиу ѝ поднел…
Поранешниот градоначалник на Општина Чаир Висар Ганиу…
Приведени две малолетнички во Центар, нападнале девојче…
Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие…