ЗЕЛС: Општините немаат доволно финансиски средства за успешно да ги извршуваат законските надлежности

t

Денеска се одржа деветтата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, соопшти градоначалничката на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Данела Арсовска.

– На денешната 9-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛС со градоначалниците разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат општините. Важно е да се зголемат капацитетите на општините, со цел да се подобрат услугите кон граѓаните и зголеми квалитетот на живот во сите општини во Македонија.

✅ Негативните ефекти од енергетската криза се бројни и особено се рефлектираат врз состојбите во училиштата, јавните претпријатија и другите институции во надлежност на општините

✅ Се разгледуваше и прифати иницијативата доставена од општина Центар во врска со измена на одредба на Законот за градежно земјиште;

✅ Се донесоа заклучоци кои ќе бидат презентирани од страна на претставниците на општините на закажаниот состанок со Министерот за финансии.

Македонија сè уште е една од фискално најцентрализираните држави во Европа во која најголем дел од општините немаат доволно финансиски средства за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. Дополнително, огромни се разликите во степенот на развиеност меѓу урбаните и руралните општини и голем е бројот на општини кои не можат да ги покријат ни тековните трошоци, напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако си против загадувањето од УСЈЕ те…

Цементарницата Титан-Усје е еден од најголемите загадувачи…

ЗЕЛС: Општините немаат доволно финансиски средства за…

Денеска се одржа деветтата седница на Управниот…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…