Џонсон: Украинците имаат силна желба да се бранат – Бранете го своето право да живеете во мир
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ненајавено пристигна во Украина, која го слави Денот на независноста точно шест месеци по почетокот на руската агресија.
„Украинците имаат силна желба да се бранат. И тоа е она што (Владимир) Путин не го разбира“, изјави Борис Џонсон за новинарите.
„Ова е трета посета на Борис Џонсон на Украина од почетокот на руската инвазија. Не сите земји имаат среќа да имаат таков пријател“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски при приемот на високиот гостин.
Бранете го своето право да живеете во мир и слобода и затоа Украина ќе победи“, додаде тој, најавувајќи нова воена помош за Киев вредна 64 милиони евра.
„Она што се случува во Украина не засега сите нас. Затоа денеска сум во Киев. Затоа Велика Британија ќе продолжи да стои покрај нашите украински пријатели“, објави на Твитер Џонсон, кој ќе ја напушти функцијата за помалку од две недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…