Повторно невреме во Кавадарци: Досега се наврнати 40 литри/м2 дожд
РЦУК Велес известува дека на подрачјето на РЦУК Кавадарци, до 20.00 часот од обилните врнежи има пријавено три поплавени подруми од куќи, на кои се ангажирани од ТППЕ Кавадарци за испимпување на водата,а исто така има пријавено наноси на улиците од дождот,при што на терен се екипа од околу 30 луѓе од ТППЕ Кавадарци и од ЈП Комуналец од Кавадарци со соодветна механизација за чистење на улиците.
Исто така на ридско-планинските села во реонот на место викано Бошавија има интензивни врнежи од дожд со град и ветер.
Оваа информација е добиена од одговорниот од ДЗС Кавадарци.
Досега се наврнати околу 40 литри/м2 дожд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…
Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…