(Видео) Можност за вовлекување на Македонија во конфликтот, брзо прелевање по Балканот: Кои се можните последици од војна во Косово?

t

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во денешната епизода на “Тешки муабети”, објасни дел од последиците кои би ги имало од евентуална војна на територијата на Косово.

– Ако започне војна на Косово прво македонски државјани ќе војуваат дефинитивно во Косово, значи Албанци од Македонија, што значи ќе има сериозна можност за вовлекување на Македонија во конфликтот.

Понатака, како сега што има држави што ја поддржуваат Русија, а други Украина, така ќе има и држави што ќе ја поддржат Србија, а други што ќе го поддржат Косово. Значи не треба многу време конфликтот кога ќе се прелее во Санџак, во Босна, во Црна Гора врие гледате, Република Српска е на раб…

И пак ќе повторам овие бомбардери што летаат над нашите глави, не се случајност.

А за овие атентати како на Дугина, вакви се случувале и во минатото и мислам дека е тактика да се испровоцира руската армија, а оговор сигурно ќе има, руските служби можат да направат голема беља, истакна Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…