Вучиќ ќе испрати писмо до КФОР во врска со најавата за забрана на поставување барикади
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе испрати писмо до КФОР во врска со најавата на Меѓународните мировни сили дека нема да дозволат барикади на патиштата во Косово.
„Вашата цел треба да биде да го заштитите српското население, тие се во малцинство. Зошто им помагате на Албанците да го угнетуваат малцинството. “, рече Вучиќ во Белград по вчерашниот состанок на врвот на неговата владејачка српска напредна партија.
Командантот на КФОР Ференц Кајари претходно изјави дека ситуацијата на северот на Косово е смирена и дека Меѓународните сили повеќе нема да дозволуваат поставување блокади на патиштата. Вучиќ појасни дека писмото ќе го испрати до КФОР по претстојните разговори со претставникот на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, кои денеска ќе допатуваат во Белград. Вучиќ додаде дека Србија различно ја толкува улогата на КФОР и НАТО. Тој оцени и дека кризата не може да се реши така, туку со политички разговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…