Објавено на:

Курти убеден: Ако дојде до ескалација полицијата и КФОР ќе ја решат

t

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави денеска дека нема да прифати одлагање на спроведувањето на одлуката на неговата влада за реципроцитет кон Србија со патните документи на граѓаните од едната во другата држава и за замена на српските со косовски регистерски таблички, што треба да стапи во сила на 1 септември.

Во изјава за меѓународната новинска агенција Блумберг, што денеска ја пренесуваат дел од медиумите во Приштина, Курти вели дека „доколку ситуацијата ескалира во насилство, ќе ѝ стават крај полицијата на Косово и мировните сили на КФОР со 3800 војници на НАТО“.

Споменатите одлуки на Владата на Курти требаше да стапат во сила на 1 август, меѓутоа откако ден претходно локалните Срби, кои се мнозинство во тој дел на Косово, организираа протести и поставија барикади на патиштата кон границата со Србија, беше одлучено мерките да се одложат за еден месец.

Меѓу оние кои тогаш најмногу инсистираа за одлагање беше американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, кој веднаш по започнувањето на српските протести замина во кабинетот на Курти, по што беше објавена одлуката за одлагање до 1 септмеври.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, одредени косовки медиуми вчера објавија дека посредникот на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, кој заедно со американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, допатуваа во посета на двете земји, наводно побарал од властите во Приштина да ја одложат одлуката за уште три месеци.

Лајчак за време на денешната посета на Северна Митровица ги отфрли таквите информации и рече дека се работи за шпекулации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…