Се огласи Вучиќ по средбата со Лајчак: Тешки разговори со европските и амрикански претставници
Вучиќ се сретна со Лајчак и Ескобар, разговорите ќе продолжат вечерва, информираат српските медиуми.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград разговараше со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.
Вучиќ во 17 часот се сретна со Лајчак, а потоа беше одржана и трилатерална средба на која присуствуваше Габриел Ескобар.
Лајчак и Ескобар околу 17 часот и 40 минути ја напуштија зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата се огласи на Инстаграм*. Тој рече дека разговорите продолжуваат по 22 часот и дека се надева на компромис, но дека дефинитивно ќе ги заштитиме интересите на Србите на Косово и Метохија.
Пред средбата со претседателот на Србија, Лајчак и Ескобар разговараа со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата се огласи на Инстаграм*. Тој рече дека разговорите продолжуваат по 22 часот и дека се надева на компромис, но дека дефинитивно ќе ги заштитиме интересите на Србите на Косово и Метохија.
„Имавме тешки разговори со европските и американските претставници Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, беа и Кристофер Хил и Емануел Џофре, амбасадори на САД и на Европската унија. Мојата порака првенствено се однесува на нашиот народ на Косово и Метохија. Секогаш ќе гледаме да ги зачуваме мирот и стабилноста, да се бориме за мир и стабилност, но ни за секунда, бидете сигурни, како што кажав, нема да отстапиме од нашите витални национални и државни интереси, туку пред се од интересите на нашите луѓе, вашата безбедност, вашата безбедност“, напиша Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…