(Видео) Шок од Ердоган: Бара Крим да ѝ се врати на Украина!
Уште од почетокот на војната во Украина, Турција се обидува да балансира и посредува меѓу Русија и Украина. Иако во март гласаше за резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која се бара прекин на руската агресија, таа не се приклучи во западните санкции.
Меѓутоа, во исто време ги блокираше Босфорот и Дарданелите за минување на руски и други воени бродови во Црно Море. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган јасно ја нарече руската инвазија неприфатлива, но одби да ѝ сврти грб на Москва.
Барем до овој вторник, кога веројатно го шокирал рускиот претседател Владимир Путин со изјавата дека Крим ѝ припаѓа на Украина, дека неговата анексија е „нелегитимна и незаконска“ и дека „враќањето на Крим на Украина, чиј нераскинлив дел е, е суштинска потреба од гледна точка на меѓународното право“.
Ердоган ова го изјави во видеопорака што беше емитувана на вториот самит на Кримската платформа, иницијатива со која Украина од минатата година се обидува да мобилизира меѓународна поддршка за да си го врати полуостровот Крим. Покрај тоа, тој го повтори барањето за ослободување на претставникот на кримските Татари Нариман Џељал и најмалку 45 други кримски Татари, приведени од Русија во 2021 година.
Единствените земји што досега ја признаа руската анексија на Крим се Авганистан, Куба, Киргистан, Никарагва, Северна Кореја, Судан, Сирија и Зимбабве.
Турскиот претседател сега само ја потврди веќе воспоставената позиција на својата земја, но неговата изјава доаѓа во прилично незгодно време за Русија, бидејќи Украинците вршат напади врз руски воени цели низ полуостровот, а украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека војната ќе заврши на Крим, „токму како што на него и почна пред осум години“.
Ердоган дури двапати се сретна со Путин во период од само две недели, на крајот на минатиот и во почетокот на овој месец. Тие првпат се сретнаа во Техеран на 20 јули, а во таа прилика Путин доби третман на доцнење што самиот често знае да си го дозволи кон другите државни лидери, вклучувајќи го и самиот Ердоган во 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…