Објавено на:

Попладне пороен дожд, грмежи и ветер

t

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

До сабота ќе продолжи тековниов период на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер иврем појава на град.

Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата. Од сабота дневната температура постепено ќе се зголеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска…

Франција ќе распореди војници, радари и системи…

Британскиот премиер по 40 години го враќа…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната…

Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија –…

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…

Стабилноста, безбедноста и европската перспектива во фокус…

Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен…

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување…

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба…