Апасиев му се налути на ВМРО: Мислев дека сте различни
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на кратко на Фејсбук ја искоментира продажбата на археолошко земјиште во Охрид.
-А мислевме дека сте различни!? #СдсмДпмне, напиша тој.
Апасиев ја сподели во својот статус и целосната реакција на партијата.
-ЗДРУЖЕНИЈА АЛАРМИРААТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ДЕКА ПРОДАЖБА НА АРХЕОЛОШКИ КОМПЛЕКС Е НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО
Пред утрешната седница на советот на општина Охрид, неколку еколошки здруженија и активисти за заштита на културно наследство побараа градоначалникот Кирил Пецаков да ја тргне точката за продажба на индустриската зона Мауцкер.
Од здруженијата потенцираа дека областа Мауцкер претставува дел од археолошки комплекс, со светски значајни материјални добра.
Во овој археолошки комплекс, значајни национални добра претставуваат археолошкиот локалитет Хермелеја, Козлук, Габавци, ранохристијанската базилика посветена на Свети Еразмо, Чекоштина, Енгелана.
Поради значењето на овој археолошки комплекс од светски рамки, а веќе и обработена проектна идеа за првиот отворен Музеј во Европа, здруженијата побараа утре да се обратат пред Советот на општина Охрид и преку аргументи и факти да го пренесат неговото светско значење пред локалната власт.
🔗Советничката од Левица, Виолета Аврамоска, со цел да ја спречи продажбата на оваа значајна локација по почетна цена од 70 денари квадрат, поднесе 80 амандмани по истата точка.
Пред утрешната седница, повикуваме на здрав разум од страна на градоначалникот Пецаков кон ова културно наследство, особено во моменти кога македонскиот идентите и култура е под континуиран напад.
Советничката од Левица ќе ги искористи сите механизми за да ја спречи реализацијата на оваа погубна идеја и Охрид и нашето културно наследство повторно да биде жртва на нечии коруптивни и бизнис – зделки, стои во реакцијата на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…