Мицкоски го менува наративот: Во какви околности би дал поддршка за влез на Бугарите во Уставот?!

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во гостување во централниот дневник на Сител телевизија рече дека треба да се локализира изворот на проблемот со Бугарија.

Во однос на референдумот, тој информираше дека има можни три опции и во тек се консултации со коалициите.

– Една од опциите за референдум е со 44 пратеници од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Втората опција е да се соберат 150.000 граѓански потписи или да се вклучат двете опции заедно. Ќе одиме на Седница на извршен комитет, повеќе време ќе се посвети во консултации со експерти околу дефинирање на референдумското прашање, а потоа ќе се одбере една опција. Во прашањето ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е договорот со Бугарија од 2017 година. Оттаму потекнуваат сите проблеми – вели Мицкоски.

Тој рече дека шефот на државата Стево Пендаровски конечно го констатирал тоа што тој го најавил, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– И има поедини размислувања во јавноста околу тоа дали ќе има промена на Уставот или ќе нема, еве и Пендаровски тоа го констатира конечно тоа што јас го најавив, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата, заклучи Мицкоски.

Прашањето кое логично се наметнува е во какви околности Мицкоски би поддржал уставни измени со цел влез на Бугарите во Уставот?

Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот со цел да се впишат и Бугарите, тој најави дека следниот ден ќе се повлече засекогаш од политиката.

„Верувам во секој пратеник од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на Уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката. Затоа што имам полна доверба во сите“, рече Мицкоскикој деновиве има средби и со коалициските партнери за прецизирање околу прашањето за референдумот и можната седница за уставни измени. Тој од Тетово ја повика Владата, веднаш откако парламентарците ќе се вратат од годишниот одмор, првата точка на првата седница во парламентот да биде предлог за измена на Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…