Шолц се пишмани: Нема да доставиме оружје во Украина за напаѓање на руска територија
Германија нема да ѝ доставува оружје на Украина за напади на руска територија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Според него, Берлин ќе дејствува за да избегне понатамошна ескалација на конфликтот.
„Американскиот претседател Џо Бајден го формулираше тоа сосема јасно. Тој рече дека нема да испорача оружје што ќе се користи за гранатирање на руска територија. Сметам дека овој принцип треба да го следат сите останати. „Нема да дејствуваме сами и секогаш ќе се водиме од она што го прават нашите сојузници“, рече Шолц.
Претходно Шолц рече дека Германија ќе продолжи да испорачува оружје на Украина и ја повтори најавената испорака на самоодни противвоздушни пушки „Чита“, хаубици и системот за воздушна одбрана ИРИС-Т со специјален радар. Според германската министерка за надворешни работи Анален Бербок, испораките на IRIS-T треба да бидат во наредните недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…
Силно невреме вчера зафати делови од Германија…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…
Германија значително го зголемува бројот на припадници…