Заедно ќе се справиме со најголемата енергетска криза досега, вели Бектеши
Рударарите се наш бесценет човечки ресурс, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешното одбележување на Денот на рударите во РЕК Битола.
Според Бектеши, рударството е основна гранка за индустриски развој на државата, а следејќи ги актуелните случувања во светот, оваа индустрија ќе стане основен фактор за опстанок и развој.
-Северна Македонија има непроценливо природно богатство и затоа треба да се даде посебно внимание и да се грижиме за сите наоѓалишта на минерални суровини. Во изминатиот период се соочивме со сериозни предизвици во овој сектор, особено од аспект на заштита на животната средина и тоа резултираше со законски измени со кои значително се зајакнува контролата над работата на концесионерите, истакна Бектеши.
Во Рударско – енергетскиот комбинат РЕК Битола во пресрет на Денот на рударите, министерот Бектеши нагласи дека благодарение на рударите, на вработените во АД ЕСМ, претходната зима беше успешна и без проблеми, а и годинава се подготвени да ги исполнат барањата и потребите на потрошувачите.
-Тоа што го прават рударите е херојска работа затоа што со големи напори и со голем труд го зголемуваат производството. Го охрабрувам раководството на АД ЕСМ да продолжи со подобрување на условите за работа на рударите што и во моментов се прави за да заедно се справиме со најголемата енергетска криза во последната деценија. Во соседството ќе имало рестрикции, има рестрикции, најавуваат рестрикции, но јас сум убеден дека со чесна работа, со трудот на рударите, сите заедно ќе ја пребродиме оваа енергетска криза, истакна Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…