ЕУЛЕКС му се придружи на КФОР на Косово: Заедно ќе овозможат брза интервенција во случај на ескалација
ЕУЛЕКС му се придружи на КФОР во патролите на северот на Косово, пренесуваат српските медиуми.
Мисијата ЕУЛЕКС му се придружи на КФОР за време на патролирањето на административните премини на северот на Косово, соопшти КФОР.
Овие мерки, како што соопшти КФОР, се преземени за да се овозможи брза реакција во случај на евентуална ескалација на ситуацијата.
„Со цел да ја подигнеме свеста за состојбите го зголемивме присуството кај премините Јариње и Брњак. Поставивме неколку пунктови за контрола на сообраќајот и го зголемивме патролирањето во областа заедно со персоналот од мултинационалната специјализирана единица за карабинери и Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС). Овие мерки беа преземени за да му се овозможи на КФОР брзо да одговори на секој безбедносен предизвик, во согласност со неговиот мандат од ОН“, се вели во нивниот одговор до приштинските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…