Објавено на:

Им се смешка членство во НАТО? Турција задоволна од посветеноста на Финска и Шведска во борбата против тероризмот

t

Шведска и Финска денеска ја потврдија својата посветеност во борбата против тероризмот, посочи Турција по состанокот меѓу турските, шведските и финските претставници во Финска во врска со влезот на двете нордиски земји во НАТО, кој Анкара во моментов го блокира.

„Финска и Шведска ја повторија својата посветеност, изразена во трилатералниот меморандум потпишан на крајот на јуни, за солидарност и целосна соработка со Турција во борбата против сите форми и појави на тероризам“, се посочува во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

Од средината на мај, Турција, членка на НАТО, го блокираше процесот, обвинувајќи ги двете земји дека ги штитат курдските борци од Курдистанската работничка партија (ПКК) и Единиците за заштита на народот (ЈПГ), кои Анкара ги смета за терористички организации.

На крајот на јуни, турскиот, шведскиот и финскиот министер за надворешни работи потпишаа меморандум со кој се отвора патот за влез на двете земји во НАТО.

Веќе следниот ден Турција испрати барање до Финска и Шведска за екстрадиција на 33 лица, од кои повеќето Анкара ги смета за терористи, по што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веднаш го спомена ветувањето на Шведска за екстрадиција на 73 терористи.

Меморандумот потпишан на крајот на јуни укажува само дека Финска и Шведска ќе одговорат на (турските) барања за екстрадиција, без да се наведе кој било број.

„Договорено е соработката меѓу заинтересираните институции да се зајакне на техничко ниво за да се постигне напредок“, соопштија од кабинетот на турскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…

Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…