Објавено на:

Австралиската полиција заплени дрога вредна 1,1 милијарда долари

t

Австралиската полиција во две акции пронајде и заплени 1,8 тони дрога метамфетамин вредна околу 1,1 милијарда долари. Дрогата била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери и тоа претставува најголема заплена на наркотици во земјата.

– Повеќе од 1,8 илјади килограми метамфетамин се пронајдени во контејнери што пристигнуваат од Блискиот Исток во пристаништето Сиднеј, скриени во мермерни плочи – соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс.

Во последната акција се пронајдени и запленети нешто повеќе од 1000 килограми метамфетамин, додека минатата недела беа запленети околу 750 килограми кристален мет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

„Антропик“ отвора дата-центар во Австралија, ќе биде…

Гигантот во областа на вештачката интелигенција „Антропик“…

Два авиона за малку ќе се судреа…

Пет од десетте контролори на летање кои…

Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…