Објавено на:

Медведев: Откажувањето од НАТО амбициите на Украина нема да биде доволно за крај на операцијата

t

Официјалното отфрлање на Украина на нејзините амбиции за влез во НАТО веќе нема да биде доволно за да се стави крај на „специјалната воена операција“ на Русија, изјави еден од најблиските луѓе до претседателот Владимир Путин, пренесе БТА.

Дури и пред почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, Русија предупреди дека членството на соседната земја во западниот сојуз би било неприфатливо за неа.

„Одбивањето да учествува во Северноатлантската алијанса сега е од витално значење, но веќе не е доволно за да се постигне мир“, изјави Дмитриј Медведев во интервју за Француската телевизија Ел-се-и.

Тој нагласи дека „специјалната воена операција“ ќе продолжи додека не ги постигне своите цели.

Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, не прецизираше кои се тие задачи.

Москва е подготвена да преговара со Киев „под одредени услови“, рече Медведев во интервјуто. Тој посочи дека „овие (разговори) ќе зависат од развојот на настаните (во војната)“, и додаде дека руската страна претходно била подготвена да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…