Објавено на:

Адвокатите на Асанж ја обжалија одлуката за екстрадиција во САД

t

Адвокатите на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, поднесоа жалба до судот во Лондон да го екстрадира во САД, откако комесарката за човекови права на Обединетите нации (ОН) Мишел Башелет се сретна со неговиот правен тим и семејството во Женева, пишува Гардијан.

Асанж (51) е обвинет во САД за шпионажа по 18 точки од обвинението, поради документите објавени во 2010 и 2011 година, а доколку биде осуден, му се заканува доживотен затвор, пишува британскиот весник.

Викиликс соопшти дека правниот тим на Асанж доставил „совршени основи за жалба“ до Врховниот суд на ОК против одлуката на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател, која ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ