Османи: Ако продолжи блокадата за избор на амбасадори во Собранието ќе бараме друго решение

t

Процесот на консултации во Собранието и со опозицијата за изборот на амбасадори не е законски задолжителен, туку тоа е повеќе добра волја да се покаже инклузивност, односно вклучување на Парламентот и ние инсистираме на тоа, затоа што не сакаме една добра пракса да ја уништиме, но доколку продолжи блокирањето преку незакажување на седницата на собраниската Комисија за надворешни работи, ќе се бараат алтернативни решенија, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој на денешната прес-конференција, на која го презентираше сработеното на Министерството во изминатите две години, рече дека разговарал со претседателот Стево Пендароски и дека очекува шефот на државата да преземе одредени чекори со цел изнаоѓање оптимално решение.

Османи истакна дека со блокирањето на процесот од страна на претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски, не само што се блокира нормалното функционирање на надворешната политика на земјава, туку се јавува проблем и по други прашања.

„Не само што се блокира нормалното функционирањето на надворешната политика, не само што остануваат празни нашите амбасади, не само што даваме лоша порака на граѓаните што не праќаме амбасадор… Не можеме 8 септември да го одбележиме во дипломатските конзуларни претставништва, да имаме мал прием, бидејќи амбасадорите не можат да го организираат тој прием во чест на празникот. Има и практични причини, почнува школската година, амбасадорите треба да ги запишат децата во училиштата во државите во кои одат, не можат да ги запишат, ќе треба децата да изгубат од наставата. Има од политички до практични и човечки причини, а нема аргументи“, истакна министерот.

Тој рече дека изборот на амбасадори е еден од најконтролираните процеси и дека има простор да бидат поднесени забелешки за нивниот избор, но дека ваквиот начин на блокирање е „некоректен“.

„Во услови на избрани амбасадори кои ги поминале сите фази на нивни избор, последното соочување се блокира од апсолутно непринципиелни причини, од хирови, од некои партиски агендии. Викнете ги, интервјуирајте ги. Ако имате забелешки кажете ги, но да бојкотирате само поради партиски наредби или да и наштетите на Владата е нечесно и некоректно и кон луѓето и кон државата“, оцени Османи.

Тој соопшти дека се блокирани именувањата на амбасадори во Софија, за која оцени дека е од особена важност во овој период, потоа во Отава, Брисел, Осло и Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мециновиќ: Ребалансот на Буџетот е рај…

Владата прави ребаланс на буџет по мерка…

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Собранието попладнево со 67 гласови „за“, седум…

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…