Објавено на:

Вучиќ: Одржувањето на манифестацијата Европрајд не е можно во моменти на тешка криза на Косово

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека ЛГБТ манифестацијата Европрајд, која беше најавена за септември во Белград, ќе биде откажана „или одложена“.

Во своето обраќање до граѓаните, Вучиќ рече дека одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.

„Не го велам тоа затоа што сум многу среќен затоа што нема парада, ги загрозуваме правата на малцинството, но државата е под притисок од сите можни проблеми, мора да се справиме со храна и суша, со енергетските проблеми. Едноставно, во одреден момент не може се да се постигне“, рече Вучиќ. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…