Објавено на:

Почина Милутин Шошкиќ, легендарниот голман на Партизан

t

На 84 години почина легендарниот голман на Партизан Милутин Шошкиќ. Тој ќе остане запаметен како најдобриот кој застанал меѓу стативите на овој клуб.

За Партизан дебитирал во 1955 година и останал преку една деценија во црно-црниот табор. Одиграл 177 натпревари за Партизан, беше дел од генерацијата која играла финале на Купот на шампионите во 1966 година против Реал Мадрид на стадионот Хејсел во кој црно-белите загубиле со 1:2.

Шошкиќ бранел и за Келн, каде што ја завршил кариерата. Одиграл и 50 натпревари за репрезентацијта на Југославија, со која освоил златен медал на ОИ во Рим 1966 година.

Работел и како тренер на ОФК Белград, Кикинда, а 11 години бил помошник во Партизан, па работел како тренер на голманите во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Белград:  Хулиганите на Црвена…

Навивачите на Црвена звезда и Партизан се…

Три дена го силувале во просториите на…

Сведокот И.С. денеска треба да сведочи пред…

Реал Мадрид вечерва го чека пекол во…

Шпанските медиуми се свесни дека на кошаркарите…