Се уште се чекаат резултатите од обдукцијата на починатото момче од Берово

t

Се уште се чекаат резултатите од обдукцијата направена врз 25 годишното момче од Берово кое почина по компликација од заб, потврдуваат од обвинителство за Канал 5. 

Откако ќе се добие извештајот од судска медицина од обвинителството ќе постапуваат по две точки: прво за причина за смртта и дали и како се поврзуваат лекувањата во здравствените институции со настапувањто на смрт или нивната причинско – последична поврзаност. Телото откако беше погребано врз него се изврши ексхумација или откопување по барање на јавен обвинител во Штип, откако имаше серија реакции од фамилијата на момчето дека починал од рутинска стоматолошка интервенција. Државниот здравствен инспекторат направи вонреден надзор во штипската болница каде била се лекувал и потоа бил итно пратен на лекување во КАРИЛ во Скопје.

– И денеска продолжува вонредниот инспекциски надозр на ДСЗИ во КАРИЛ последната клиника каде бил хоспитализаран, вонреден надзор се прави денеска и кај неговиот матичен доктор и матичен стоматолог.

Откако ќе заврши надзорот во сите институции каде бил хоспитализиран, случајот ќе го разгледува и комисија од министерството за здравство. Момчето поради компликации од заб на 14 август бил примен во штипската болница каде била извршена интервенција на вадење на заб порад влошена состојба со забот и три дена бил задржан во болницата по напрвената интервенција. Тој по три дена бил пуштен дома во добра состојба. За по шест дена со возило на брза помош бил повторно донесен во болницата во Штип кардиовакусларен нестабилен и со ниска сатурација, потврдија од болницата. Тој веднаш бил однесен во сала поради крваво – гноен наод и бил однесен во операциона сала. Пациентот е сместен на одделот за интензивно лекување поради септичната состојба и понатамошна опсервација. Во раните утрински часови, поради влошување на општата состојба, организиран е итен транспорт КАРИЛ. Од КАРИЛ потврдија дека на 23 август момчето е примено во многу тешка состојба и бил на респиратор. Пациентот бил примен со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал починал за помалку од 24 часа.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зимата се врати: Најстудено во Берово, измерени…

Во Берово утрово се измерени минус шест…

Нема салмонела во мострите од храната во…

Резултатите од земените мостри од храна и…

Уште кај три деца од градинката во…

Центарот за јавно здравје од Кочани попладнево…

Берово, Кавадарци, Куманово и денеска меѓу најзагадените…

Берово, Кавадарци, Куманово денеска се најзагадени градови…

Најстудено во Берово, најтопло во Дебар

Во Берово утрово е најстудено, со измерени…