Петровска: Македонија иако e најмлада членка на НАТО докажа дека може да придонесува за стабилноста на регионот

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Охрид се обрати на Безбедносниот Форум на алумни на Маршал центарот, кој по 10. јубилеен пат се одржа во Охрид.

Петровска потенцираше дека Република Македонија иако е „најмладата“ членка на НАТО, докажа дека може да биде модел кој активно придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот.

Осврнувајќи се на војната во Украина, министерката истакна дека оваа војна влијае по безбедноста на Европа, вклучително и на Западен Балкан каде се уште има отворени прашања кои може да ја нарушат безбедноста и стабилноста. Дополнително, големо влијание на тоа имаат зголемените малигни странски мешања, хибридните предизвици, сајбер нападите и кампањите за манипулација со информации.

„Потребно е и продолжување на блиската соработка на НАТО и ЕУ, и уште поактивен ангажман во регионот. И НАТО и ЕУ, сојузниците и земјите-членки, треба да најдат иновативен начин за да помогнат во затворањето на преостанатите отворени прашања меѓу земјите во овој дел на Европа. Сега, повеќе од кога било, евроатлантската и ЕУ интеграцијата на регионот треба да се гледа како алатка за подобрување на безбедноста и консолидирање на стабилноста на овој дел од Европа и пошироко. Целосно интегрираниот Западен Балкан ќе ја направи Европа посилна“, потенцираше Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на…

Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Марк Руте: НАТО е тука и за…

На прес конференција пред почетокот на НАТО…

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…