Денес се празнува Светиот маченик Мирон, презвитер

t

Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи.

Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри судијата-мачител в лице. Тогаш судијата Антипатар како да полуде, вон себеси, зеде меч и се уби самиот. Најпосле Мирон го одведоа во градот Кизик и таму го погубија со меч, во 250 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте загриженоста во Иркутск: Откажана традиционалната градска…

Градските власти во Иркутск, Сибир, ја откажаа…

Трамп потврди: Имаше закана за американските бомбардери…

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските…

Сиљановска-Давкова: ЕУ вели дека нема проблем со…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Македонија презела…

Арагчи: Иран ќе ги искористи сите дипломатски…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Братот на кралот Чарлс ја тужи полицијата…

Поранешниот британски принц Ендрју Маунтбатен-Виндзор отвори правна…