Почна етапната исплата на августовските пензии
Од денеска до 2 септември етапно се исплатуваат августовските пензии во банките, за пензионерите кои не користат картички за банкомат. Исплатата се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
Денеска може да подигнат корисниците на пензии до 11.000 денари, утре ќе се исплаќаат пензиите во износ од 11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе биде на 1 септември, а наредниот ден – пензиите повисоки од 18.001 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 август (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
МТСП апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките и да се заштити нивното и јавното здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мирчев го обвини Радев за молк за…
Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев упати остри критики…
Купувањето стан станува недостижно за Европејците
Купувањето сопствен стан станува сè поголем финансиски…
ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…
Израелски министер : „Во Франција веќе започна…
Израелскиот министер за дијаспора и борба против…
Се проширува војната: Египет одобри „секаква неопходна…
Египетскиот Совет за национална одбрана, предводен од…