ЖОЗЕП БОРЕЛ ВЕТУВА: ЕУ ќе продолжи да ѝ пружа воена помош на Украина, иако нашите резерви со оружје сè повеќе се намалуваат
Ситуацијата во Украина, половина година по нападот од Русија не се подобрува, а Европската Унија ќе продолжи да ѝ пружа помош на земјата, иако резервите оружје во земјите членки се намалуваат. Ова денеска го изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на состанокот на министри за одбрана од земјите во Европската Унија во Прага, пренесе Бета.
– На Украина потребна ѝ е нашата помош и ние ќе ја дадеме. Темата за војната во Украина за мене е најважниот дел од состанокот. Се надевам дека министрите денеска ќе дадат зелено светло за мисијата за обука, подвлече Борел.
Покрај одлуката за мисија за обука на украински војници во земјите-членки, денеска ќе се разгледува и понатамошна испорака на оружје за Украина, иако нагласено е дека резервите оружје во ЕУ се намалени.
Обука за украински војници на своја територија денеска понуди Словачка, а нејзиниот министер за одбрана, Јарослав Наѓ, потсети дека земјата, како и Чешка, тоа го понудиле уште пред година дена.
– Таа идеја за мисија за обука е стара. Ја разгледувавме уште пред да почне војната, додаде Борел.
Според чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова, најважната тема на неформалниот состанок на министрите е руската агресија во Украина.
– Следна тема е ситуацијата во Африка и на други региони што Русија настојува да ги дестабилизира, истакна Чернохова.
Според експерти, еден од регионите надвор од ЕУ, што Русија активно настојува да го дестабилизира, е Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…