СЗО смета дека може да ja спречи епидемијата на мајмунски сипаници во Европа
Епидемијата на мајмунски сипаници во Европа може да се елиминира, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација (СЗО), со докази дека бројот на нови случаи се намалува во неколку земји.
Со оглед на малата понуда на вакцини и времето што е потребно за вакцините да се администрираат и да почнат да дејствуваат, факторите како раното откривање, порано самоизолирање и одговорното однесување на заразените играат важна улога, изјави Кетрин Смолвуд која е задолжена за инциденти ситуации и итни случаи во СЗО/Европа.
– Веруваме дека можеме да го елиминираме континуираното ширење на мајмунските сипаници од човек на човек на европско тло, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена прилепчанка барана со потерница за казна…
На 05.08.2024 во 12.55 часот во Прилеп,…
Остри реакции од Србија и ЕУ откако…
Косовската полиција во понеделник затвори девет објекти…
Камала Харис официјално претседателски кандидат на Демократската…
Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана…
Иран и Пакистан организираат состанок на муслиманските…
Иран и Пакистан свикаа итен состанок на…
Семејството од изгорениот автомобил кај Гевгелија се…
Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија…