Целта на Германија е полноправно членство на Западен Балкан во ЕУ
Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин денеска изјави дека проширувањето на Европска Унија е најмоќна алатка за трансформација на ЕУ.
„Јасно е дека Западен Балкан ѝ припаѓа на ЕУ и јасно е дека тоа е начинот на кој треба да оди. Германската посветеност на евроинтеграција на Западен Балкан е тука“, истакна Сарацин на вториот ден од Бледскиот стратешки форум.
Тој на панелот „Проширување на Европската унија со Западен Балкан: Старо чувство на нов почеток“ наведе дека целта на Германија е полноправно членство на шесте земји од регионот и оти секој од нивните граѓани ќе биде државјанин на ЕУ со исти права и исти обврски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…