Објавено на:

Тајван ќе направи се што треба за да се одбрани од Кина

t

Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неодамнешните воени вежби на Кина околу островот ја загрозиле состојбата на статус кво во Тајванскиот теснец, ветувајќи дека „ќе направи се што е потребно” за да го одбрани Тајван, пренесе ДПА.

-Ќе продолжиме да ја браниме нашата национална безбедност, цврсто држејќи се до средната линија и ќе направиме се што е потребно за да ги заштитиме нашите домови, нашите семејства и нашиот суверенитет, изјави портпаролот на министерството Ли-Фанг Сун.

ДПА потсети дека откако на почетокот на август претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, го посети Тајван, Кинеската Народноослободителна армија почна воени маневри околу Тајван, проследени со големи поморски и воздушни вежби.

Тајванската одбранбена команда Кинмен доцна синоќа соопшти дека испукала предупредувачки истрели кон кинески воен дрон.

Претседателката Цаи Инг-вен вчера во воздухопловната база во оддалечениот тајвански округ Пенгу изјави дека и наредила на тајванската војска да ги преземе неопходните контрамерки против кинеските провокации, пренесе ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: Ни пристигнаа возовите од Кина!

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека возовите…

Маск во ненајавена посета на Кина

Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната…

(Фото+видео) Торнадо ја опустоши јужна Кина, падна…

Пет лица загинаа вчера во торнадо во…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…