Рот: Добро е да се вратиш во фрустрирачки времиња за Македонците – Не сте сами

t

Пратеникот од германскиот Бундестаг, воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика, Михаел Рот, пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами. Патем, напиша тој, Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!

-Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!, напиша на Твитер Рот.

Германскиот пратеник Рот е на средба со претседателот Стево Пендаровски, по што треба да се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…