МОН ќе се потруди Албанците во Македонија да учат од унифициран учебник како учениците во Албанија и Косово
На денешната прес-конференција министерот за образование, Јетон Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека се работи на тоа албанските ученици во Македонија да учат ос ист учебник како новопромовираниот заеднички буквар на Косово и Албанија.
Министерот кажа дека процедурите се во тек и се бара законска можност аланските ученици да учат од унифициран учебник ист како и учениците во Косово и Албанија.