Објавено на:

На Бугарија не ѝ се допаѓаат критиките од Еди Рама

t

Бугарското Министерство за надворешни работи остро реагираше на дадените зебелешки на албанскиот премиер Еди Рама на безбедносниот форум во словенечкиот град Блед, оценувајќи ги за неприфатливи, јави дописникот на МИА од Софија.

Според МНР, ваквото однесување на Рама е непристојно за премиер на земја кандидат за членство во ЕУ. Бугарија не ја прифаќа изјавата на Рама дека осум години го блокирала почетокот на преговорите за членство на Албанија во ЕУ.

Бугарското МНР потсетува дека веќе го искажало својот став во врска со антибугарската реторика на премиерот на Република Албанија Еди Рама, која стана постојан рефрен на неговиот политички говор. Сега, според бугарското Министерство, тоа е комбинирано и со антиевропски фокус и обид за понижување на механизмите на европскиот процес.

„Изјавите откриваат непознавање на политичката смисла на процесот за ставање на односите во регионот на европски шини. Очигледно, станува збор или за недостаток на европски комуникациски вештини или за намерно поттикнување на антиевропски чувства. Бугарија го задржува правото на соодветен начин да реагира на однесувањето на албанскиот премиер, следејќи ги принципите на меѓународното и европското право“, се наведува и во ставот на властите во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…