Панчо и Андреј му помогнаа на седумчлено семејство по вчерашните поплави, велат тука се за секој кому му треба помош
Во случај некоја фамилија да има потреба од било каква помош, физичка или финансиска, Ви стоиме на располагање, порачаа по вчерашното тешко невреме Панчо и Андреј од дуото ДНК.
Денеска веќе го посетија првото семејство кое им се обрати за помош, а велат тука се и за сите на коишто ќе им затребаат.
По вчерашната наша објава, за жал се јавија повеќе луѓе и фамилии кои биле засегнати од големото невреме кое го зафати Скопје. Ја посетивме Др. Весна Балашевска во нејзината куќа во Чаир, во која живее со нејзиното 7 члено семејство од кои две се малолетни деца. Весна е вработена како доктор по општа медицина во поликлиниката Чаир и за среќа не се социјално загрозени, но ни кажа дека и повеќе од потребна им е човечка сила за да може да се исфрлат сите работи од подрумот кои се веќе уништени и неупотребливи. Исто така, најбитно во моментот е да се најде електричар заради струјата која им е исклучена поради безбедност да не дојде до избувнување на пожар, и нормало ако некоја фирма или физичко лице може да им донира пелети бидејќи нивната залиха за зимскиот период е пола уништена. Дезинфекциски средства и средства за хигиена исто така ќе им бидат од голема помош.
Упатуваме апел и до градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу да се вклучи во целиот процес, но и на Град Скопје и сите останати надлежни институции.
Бројот за контакт на Госпоѓа Весна е: 077 619 402
Ајде заеднички да помигнеме кога сме потребни, и да не заборавиме дека заедно секогаш сме посилни, порачаа Панчо и Андреј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА ОД РАНО УТРО ВО ДВЕ ЗЕМЈИ…
Полската војска проверува сомнежи дека неидентификуван објект…
(Видео) РОДНИОТ ГРАД НА ПУТИН ВО ПЛАМЕН!…
Голем број експлозии и пожари биле пријавени…
Рама не попушта пред масовните протести: „И…
Албанската полиција се судри со стотици демонстранти…
Шведска и Франција на врвот по силувања…
Шведска и Франција пријавуваат десетици пати повеќе…
Канадскиот премиер потврди сериозен инцидент во воена…
Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се…