Викендов прскање против комарци по деветти пат во Скопје

t

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на подрачјето на градот Скопје ќе се врши дезинсекција против ларви од комарци.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 03.09.2022 (сабота), во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 03.09.2022 (сабота), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска и Франција на врвот по силувања…

Шведска и Франција пријавуваат десетици пати повеќе…

Канадскиот премиер потврди сериозен инцидент во воена…

Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се…

(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…

Загинати и повредени во голем пожар во…

(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…

Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…

Брвеница избира градоначалник

Жителите од десет населени места Општина Брвеница…