ВМРО-ДПМНЕ ќе омекне за уставните измени, вели Иванов

t

Сѐ може да се случи. Не сакам да вулгаризирам од типот на „Преспа 2“, но може да се случат избори, нов состав на Парламент, може да се случи да дојдат пратеници кои не дале чесен збор на својот лидер дека ќе постапат така како што треба. Има голема партизираност во многу сегменти во општеството. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше принудена да потпише на нотар некакви изјави, кои правно не се валидни, но тоа е шминка и се пумпа рејтинг во јавноста, вели новинарот Зоран Иванов за евентуалното менување на Уставот.

Иванов верува дека во овој состав на пратеници од опозицијата, „ќе се најдат лица кои нема да бидат пречка и одрон на европскиот пат“.

-Власта даде чесен збор дека ќе го промени Уставот и дека Бугарите и другите заедници ќе влезат во преамбулата. Прашањето е сега зошто сега опозицијата е пречка, кога не се пречка ни Брисел, ни Париз, ни Софија или Вашингтон? Вие не можете да газите на европскиот пат кога сте скарани со сите. Мицкоски се скара со сите, како мисли да добие избори и да владее после тоа?, прашува Иванов во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“ и додава:

-Мислам дека ќе го променат ставот и ќе омекнат. ВМРО-ДПМНЕ не може да остане единствениот домашен и меѓународен субјект кој на сопствената држава ѝ крева „рачна“ на патот кон Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ДУИ ќе ги мести изборите во…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека…

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…