Вучиќ и Ковачевски “уловени” во разговор за струјата: Како ли ќе издржиме?

t

Во рамки на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ од камерите на српската телевизија Н1 беа „фатени“ како во еден неформален разговор изразуваат загриженост за цената на струјата.

Вучиќ му вели на Ковачевски:

-Димитар, како ли ќе го издржиме плаќањето на струја?

А, Ковачевски на српски му одговара:

-Е тоа ќе биде најтешко.

Вучиќ се надоврзува дека за тоа ќе зборуваат во текот на утрешниот ден.

Ковачевски во разговорот открива и дека македонската Влада вчера направила трансфер од 50 милиони евра за струја, а сега се спрема и уште еден трансфер, пренесува Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…