Објавено на:

Обид за убиство на аргентинската потпретседателка: Маж ѝ впери пиштол во глава

t

Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше нападната со пиштол, но напаѓачот не пукал во неа и набрзо е уапсен.

Неколку телевизиски канали прикажаа снимка од напаѓачот како нишани по главата на Кирхнер додека таа излегуваше од автомобилот што ја донесе дома.

Напаѓачот не испука од пиштолот, а Киршнер остана неповредена.

Инцидентот се случи на влезот од нејзината куќа во Буенос Аирес, каде во последните денови се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, која сега е среде судење за корупција.

Мажот беше во толпата луѓе кои чекаа да ја поздрават и од неа да побараат автограм за нејзината автобиографска книга.

Набргу по нападот, портпаролот на полицијата соопшти дека во близина на резиденцијата е уапсен вооружен маж, а „на неколку метри од местото на настанот е пронајдено оружје”. Тој исто така рече дека мажот би можел да има бразилско потекло.

Стотици активисти од минатата недела се собираат пред куќата на Кристина Киршнер (69), која е обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз (на југот на земјата), за време на нејзините два претседателски мандати (2007 -2015 година).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина очекува инфлација од над 95%

Економистите ја зголемија својата прогноза за годишната…

Обид за убиство на аргентинската потпретседателка: Маж…

Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше…

Осум членови од медицинскиот тим на суд…

По обвинение за убиство од небрежност, во…

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според…