Добра вест: Се намалува цената на дизелот

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84% во однос на одлуката од 1.09.2022 година.

-Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,215 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 3.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,740 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,754%, кај дизелот за 2,619%, кај екстра лесното масло за 2,034% и кај мазутот намалување за 2,505%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,132%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информираат од РКЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува ценaта на бензините и на…

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на…

Од полноќ поевтинува дизелот

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од…

Значително поскапување на дизелот по полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…

Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари

Цената на горивата од ноќеска на полноќ…

Спречен обид за шверц на 50 тони…

Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за…