Ќе остане ли Европа без русскиот гас? Гаспром вели нема можност за поправка на турбината

t

Руската енергетска компанија Гаспром соопшти дека Сименс енерџи е подготвена да помогне во поправката на расипаната опрема за гасоводот Северен тек 1, но тврди дека Сименс нема простор да ги изврши работите.

„Сименс учествува во работите согласно важечкиот договор, ги открива дефектите, го потпишува актот за откривање на истекување на нафта и е подготвен да ги отстрани. Едноставно нема каде да се поправи“, беше наведено на Телеграм каналот на Газпром, пренесува РИА.

Сименс соопшти дека е подготвен да учествува во поправката и да ги поправи дефектите за кои Гаспром рече дека го принудиле да го прекине снабдувањето со гас за Германија, пишува Гардијан.

Гаспром еден ден претходно објави дека Северен тек 1, кој претходно беше стопиран три дена поради планираното одржување, не може да продолжи со работа поради истекување нафта на блокот Трент 60. Претставник на германската компанија Сименс енерџи изјави за РИА Новости дека компанијата не го смета заклучокот на Газпром како техничка причина за запирање на гасоводот.

Северен тек 1 работи со ограничувања од средината на јуни, а од крајот на јули работи со само 20 отсто од својот капацитет од речиси 170 милиони кубни метри дневно.

Руската страна истакна дека намалувањето на испораките настанало исклучиво поради санкциите, што предизвикало проблеми во одржувањето и поправката на гасните компресори на Сименс. Неодамна работеше само една турбина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…

Орбан: Западот е на чекор од испраќање…

Западот е на прагот да испрати војници…

Цената на природниот гас во Европа достигна…

Цената на природниот гас во Европа достигна…