Вучиќ: Како можеме да воведеме санкции кон Русија без да ги воведеме кон Словенија или Америка?

t

Како можеме да воведеме санкции кон Русија, кога таа не го нарушила територијалниот интегритет на Србија, а ние не воведуваме санкции за земји како Словенија, САД, Германија, Франција и други кои го нарушиле територијалниот интегритет на Србија, изјави Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање до јавноста по средбата со претседателот на Словенија на Борут Пахор.
Словенечките новинари го прашаа Вучиќ на заедничката конференција со Пахор кога Србија ќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ќе воведе санкции кон Русија поради кризата во Украина.

„Видете, бев сигурен дека словенечките медиуми ќе ги интересира нешто за нашите односи, но ми е интересно како сите сакаат Србија по секоја цена да се приклучи на санкциите. Србија има обврска да се приклучи на европската надворешна политика непосредно пред членството во ЕУ. И не гледам дека некој не известил дека влегуваме во ЕУ“, рече Вучиќ.

„Како да му објаснам на нашиот народ дека воведуваме санкции против Русија, а не против Словенија“, додаде српскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…

Вучиќ рано утрово објави важна вест за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…

(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…

Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…

Вучиќ најави нови оставки во српската влада…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…