Косово ќе дава еднократка помош од 100 евра за студентите и пензионерите
Вработените во јавните служби во Косово ќе добијат помош од 50 евра, а вработените во јавните претпријатија и пензионерите еднократна помош од 100 евра, најави премиерот Албин Курти.
Наведувајќи дека инфлацијата го „отежна животот на граѓаните“, Курти рече дека новиот пакет поддршка треба да им овозможи на граѓаните полесно да се соочат со поскапувањата.
„Пензионерите ќе добијат еднократна сума од 100 евра, додека за еден месец ќе ја удвоиме помошта за семејствата на социјална помош“, рече Курти.
Тој оцени дека на инфлацијата најмногу влијае врз приватниот сектор, каде според Курти работат 80 отсто од вработените во Косово.
„Секој бизнис ќе го поддржиме со субвенционирање на платите за работниците од 50 проценти, најмногу 100 евра за првите три месеци“, рече Курти и најави дека во ноември и студентите ќе добијат помош во висина од 100 евра.
Тој ги повика граѓаните да штедат струја во услови на енергетска криза и најави дека Владата ќе ги субвенционира оние кои трошат помалку струја во однос на истиот период лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…