Калајџиев: Системот е комплетно изопачен и во суштина не служи на правото туку на некакви други интереси

t

Се случува земјотрес во јавното обвинителство. Тројца обвинители се со кривична пријава од страна на јавниот правобранител кој, потоа, е сменет од функцијата. Шефицата на обвинителството за организиран криминал отвори истрага против шефот на Финансиска полиција па и таа, потоа, е сменета. Се уште нема завршница за барањето на Антикорупциска да се изврши истрага за незаконски доделенеи над еден милион евра за обвинителите и изтражителите на СЈО кои, сега, се спасени и поставени на челни функции во Јавното обвиниотелство.

Партиите на власт не размислуваат многу, веднаш ги казнуваат и менуваат тие што ги загрозуваат нивните исвршители и заштитници.

Постапките нема да бидат ефикасни, на краток рок, и тоа е изопачен систем кој нема да му служи на правото на подолог рок. Вака универзитетскиот професор по кривично право Гордан Клајџиев ја гледа моменталната состојба во Обвинителството за организиран со кое сега раководи Трајче Пеливанов.

По суспензијата на Русковска, предистрагите, истрагите и предметите ги наследува заменикот Пеливанов, но Советот на јавни обвинители го назначи за да прима пошта. Ќе се работи ли нешто во сектопрот против организиран криминал?

Може да се очекува конкретни последици за самите постапки, тие нема да бидат ефикасни или ќе има забошутување. На подолг рок кажува дека системот е комплетно изопачен и во суштина не служи на правото туку на некакви други интереси. Дали ние можеме да ја разоткриеме вистината и колку некој друг фактор надвор може да го реши ова не сум многу сигурен.

Па очигледно се остварува најцрното сценирио на овој инцидент што се случи, внатреобвинителскиот судир и судирот на Обвинителството со Финансиската полиција. Прво истрагите што беа реални, према лицата од Финансиската полиција, практично се сопрени. Имаме и една комична ситуација, пародија, заради некакви наводни пропусти во претресот, да се отвара кривична постапка и да се суспендираат обвинителките вели професорот Калајџиев.

За Калајџиев, неочекувана е ваквата реакција на главниот обвинител Љубомир Јовески, кој наместо да застане во одбрана на своите колеги, тој тргна контра нив. Целата реакција на системот е невообичаена, бидејќи, потенцира професорот, и претходно сме имале такви пропусти.

Тоа да не е трагично би било смешно. Комплетно едно уништување на системот. Системот доцни зад криминалот, обвинителите доцнат и тоа многу. Ваквите нови проблеми се навистина се непотребни и некој ден ќе треба да одговара за ова што се случува. Многу беше сомнително и како почна цената приказна, со една лажна приказна дека има големи злоупотреби кај обвинителите, се разбира, нив може да им се најдат мали пропусти, но верувајте јас сум експерт за кривично право, и ми беше сосема јасно дека тука нешто не е во ред – вели проф. Калајџиев.

Извор: Вечер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ