Според Курти Косово е и подемократско и понезависно од Србија
Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека Косово и Србија не си ја признаваат државноста и додека не дојде до меѓусебно признавање, Косово ќе продолжи со целосен реципроцитет. Според него, Република Косово не ја признава Србија и многу одлуки донесени од Србија се целосно незаконски за косовските институции и за граѓаните. Таквиот реципроцитет ќе трае сè до меѓусебното признавање.
„Се виде дека сè оди како што кажавме претходно или ќе има влезни и излезни документи и од страната на границата на Косово и од страна на Србија или на ниту една од нив, се покажа на ниту една од нив. Реципроцитетот во државата ни е во ред и Брнабиќ нека влезе во Косово со лична карта на сменетите власти во Белград и нека видат дека се работи за демократска држава, која е и подемократска од Србија и понезависна од Србија.
Што се однесува до регистарските таблички, ќе го направиме најдоброто од дипломатски и демократски аспект, но уште еднаш ги повикувам сите граѓани од српската заедница кои имаат било каков тип на регистарски таблички КМ, ПР и слично, да ги сменат што побрзо, затоа што имаат два месеца да имаат корист до 5 илјади евра без да платат ДДВ, акциза и царина. Рокот е 31 октомври, како што веќе кажавме и верувам дека колку побрзо го направиме ова, толку е подобро не само за нашата земја и законите, туку и за нив.
Воспоставуваме реципроцитет заради граѓаните, но за нас Србија не е призната држава и генерално имаме проблем со одлуките на таа земја. Воспоставивме реципроцитет и ќе продолжиме со понатамошен етапен кон целосен реципроцитет што е духот на дијалогот во Брисел, но е и карактер на договорот, каде во фокусот мора да биде заемното признавање“, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…