Ердоган обвинува: Грција ги окупира островите во Егејско Море
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ја обвини Грција дека ги окупирала островите во Егејско Море, кои имаат демилитаризиран статус.
Тој исто така наведе дека Анкара „кога ќе дојде време ќе преземе сè што е потребно“.
– И препорачувам на Грција да погледне во историјата. Ако Атина оди предалеку, цената ќе биде висока. Имаме една работа да и кажеме на Грција, а тоа е да се потсети на Измир, истакна Ердоган.
Анкара неодамна ја обвини Атина за вооружување на демилитаризираните острови во Егејско Море, што Атина го негираше. Егејските острови и се предадени на Грција во согласност со договорите од 1923 и од 1947 година, но под услов да не се вооружуваат.
Турција и Грција имаат низа нерешени прашања, од прелетите на авионите до статусот на островите во Егејско Море, како и за поморските граници и наоѓалиштата на гас во источниот Медитеран, и етнички поделениот Кипар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…