Зеленски вели Русија води енергетска војна во Европа

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска ја обвини Русија дека води енергетска војна и повика на повеќе единство во Европа.

-Деновиве Русија се обидува уште повеќе да го зголеми енергетскиот притисок врз Европа. Испораката на гас преку „Северен поток” е целосно прекината. Русија сака да го уништи нормалниот живот на секој Европеец – во сите земји на нашиот континент, рече Зеленски синоќа во својата редовна дневна видео порака со Украинциите.

„Европејците мора подобро да ги координираат своите контрамерки и да си помагаат повеќе. Покрај тоа, притисокот врз Русија мора да се зголеми за да се ограничат руските приходи од продажбата на нафта и гас”, рече Зеленски во синоќешната видео порака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прва средба Русија–Германија од 2022 година: Берлин…

По речиси четири години практично замрзнати односи,…

Европа размислува за „член 5“ на ЕУ…

Европските држави разгледуваат нов механизам за заеднички…

Петмина уапсени кај американска база во Британија…

Британските антитерористички служби отворија голема истрага откако…

СДСМ бара стопирање на Просторниот план поради…

СДСМ бара стопирање на Нацрт-просторниот план, обвинувајќи…

Македонците ChatGPT го користат повеќе за муабет,…

Во споредба со другите европски земји, Македонците…