Макрон и Шолц во писмо до Вучиќ иницираат забрзување на процесот за целосна нормализација на односите со Косово

t

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ прими заедничко писмо од претседателот на Република Франција, Емануел Макрон и од канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

„Ви го испраќаме ова заедничко писмо во момент од клучно значење за безбедноста на европскиот континент и стабилноста во регионот на Западен Балкан. Убедени сме дека, во светлината на руската агресија врз Украина, мора да вложиме уште посилни напори, за европската перспектива на земјите од Западен Балкан да стане реалност,за да се решат долгорочните билатерални и регионални спорови. Целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија е од суштинско значење за Западен Балкан, се наведува во писмото на Макрон и Шолц до Вучиќ, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.

„Затоа, ги задолживме нашите советници за надворешна и безбедносна политика, Јенс Плетнер и Емануел Бон, да му дадат директна поддршка на Мирослав Лајчак во неговите напори. Предлагаме нашите советници, заедно со Мирослав Лајчак, да ги посетат Косово и Србија, со цел да ги истражат можностите за брзо придвижување на процесот, се наведува во во заедничкото писмо на Макрон и Шолц, во кое тие изразуваат „искрена надеж дека оваа иницијатива ќе наиде на вашиот интерес и поддршка”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…