Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Двајцата соговорници дискутираа за соработката меѓу Република Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.

Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодари за поддршката што Република Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја.

Двајцата соговорници се согласија дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свеста и чувството дека сум Македонец треба…

Денеска се навршуваат 152 години од раѓањето…

Златото и среброто тонат, изгубија до 60…

Златото и среброто се соочуваат со остар…

Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…

Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…

Силен земјотрес во Романија почувствуван и во…

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според…

Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…