Хрватска добива 187.200 нови вакцини против омикрон-сојот

t

Новата вакцина на „Фајзер“ против омикрон-сојот на коронавирусот во Хрватска пристига утре, а вакцинации ќе бидат дистрибуирани низ целата земја до крајот на седмицата.

Вкупно 187.200 дози од адаптираната вакцина ќе бидат дистрибуирани до окружните јавни здравствени установи, објави Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) денеска.

Новите вакцини „Фајзер“ и „Модерна“ неодамна беа одобрени од Европската агенција за лекови против омикрон-сојот. Но, тие можат да се примаат само како дополнителна доза, а не како прва вакцинација.

Сите граѓани кои ја примиле втората и третата доза може да се вакцинираат, но лекарите особено препорачуваат вакцинација за лицата со возраст над 60 години и хронично болните. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…